ПОЧНАА ИПАРД ИНФО ДЕНОВИТЕ ЗА ЈАВЕН ПОВИК 03/2011

Дома » ПОЧНАА ИПАРД ИНФО ДЕНОВИТЕ ЗА ЈАВЕН ПОВИК 03/2011

ПОЧНАА ИПАРД ИНФО ДЕНОВИТЕ ЗА ЈАВЕН ПОВИК 03/2011

ТЕЛО ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ИПАРД

ИПАРД_лого - Small

Со објавувањето на петтиот јавен повик, трет во 2011 година, за доставување барања за користење средства од ИПАРД Програмата  од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 25.10.2011 година, Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство почна со реализацијата на ИПАРД инфо деновите со цел навремено и целосно информирање на заинтересираната јавност со можностите и начинот на користење средства од ИПАРД Програмата 2007-2013.

За таа цел во текот на минатата недела  се одржаа информативни средби во општините Новаци и во Ресен, како и во село Белчишта во општина Дебарца и во Мислешево во општина Струга, каде пред земјоделските производители се презентираа можностите за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013, процедурите за поднесување на барање, потребните документи, контролата и одобрувањето на проектите.

ИПАРД инфо деновите продолжуваат и наредната недела со следниот распоред (изберете го насловот):

2014-06-18T17:03:05+00:0030 октомври 2011|