ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик 01/2021 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата 2014-2020)

Дома » ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик 01/2021 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата 2014-2020)

ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик 01/2021 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата 2014-2020)

Скопје, 30.04.2021 година

Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во првата половина на месец јуни 2021  година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2014-2020 година).

Целта на ИПАРД Програмата 2014-2020 е преку содветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската унија и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување.

Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 во врска со спроведување на овој Јавен повик од јуни 2021 година се наменети за следната мерка:

Диверзификација на фармите и развој на бизниси, со ограничување само за следните приоритетни сектори од мерката:

  1. Алтернативно земјоделско производство
  2. Производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции:
    •  Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;
    • Колачи, тестенини и пекарски производи;
    • Чај и билни екстракти;
    • Зачини и билки;
    • Слатководна риба, ракови и мекотели и
    • Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ.
  3. Производство на не-прехранбени производи
  4. Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите
  5. Обезбедување на услуги во земјоделството
  6. Развој на услуги за руралното население
  7. Промоција на руралниот туризам

Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 налагаат претходно склучување на договор на потенцијалните корисници со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови. Контрола на самото место и спроведувањето на надзорот над договорот извршуваат овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и релевантни институции од Република Северна Македонија за управување, спроведување и контрола на ИПАРД и Европска Унија.

Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2014-2020 се пропишани во Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерки за рурален развој финансирани од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија.

Јавниот повик ќе трае најмалку 45 дена од денот на неговото објавување во дневните весници.

НАПОМЕНА: Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатството за корисниците на средства од мерка 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси од ИПАРД Програмата 2014-2020 ќе бидат ажурирани и објавени на веб страната на Агенцијата во периодот до објавување на Јавниот повик.

Подетални информации во врска со типовите на инвестиции, критериумите за добивање на финансиска поддршка и висината на поддршката, заинтресираните можат да ги добијат во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Телефон: 02 3097-460

Факс: 02 3097-454

е-mail адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk

www.pa.gov.mk

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Сектор за управување со ИПАРД

Телефон: 02 3134-477 лок: 113, 114 и 115

е-mail адреса: info@ipard.gov.mk

www.ipard.gov.mk

Агенција за поттикнување на развој во земјоделството

Телефон: 047 228-330

Факс: 047 228-370

www.agencija.gov.mk секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Информации за изготвување и доставување на барања, како и практични совети за аплицирање, заинтересираните земјоделски производители можат бесплатно да добијат во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството. (Контакт листа на регионални центри и надлежни лица е објавена на веб страните на надлежните институции).

PRETHODNA NAJAVA IPARD MK 30042021

2021-05-04T11:11:19+00:0030 април 2021|Јавен Повик|