ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2020 за доставување на барања за користење на средства по мерка 1 Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД Програмата 2014-2020

Дома » ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2020 за доставување на барања за користење на средства по мерка 1 Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД Програмата 2014-2020

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2020 за доставување на барања за користење на средства по мерка 1 Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД Програмата 2014-2020

Објавен на 29.02.2020

Краен рок до 03.08.2020

  1. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 за следнава мерка:

Мерка 1. Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства

  1. Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.
  2. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:
    • 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства. Процентот се зголемува до 65% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.
  3. Крајниот рок за поднесување на барањата е 14 април 2020 година
  4. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 9.216.693 евра или  568.147.394 денари.
  5. Подигнување на обрасци и упатства:

Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ како и „Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ за секоја мерка одделно во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020, Упатство за изготвување на Деловен План / Технички Предлог Проект, Упатства за издавање на неопходната документација од надлежните институции и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.

Печатените обрасци од барањето за користење на средства по мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020 и Упатство за корисници на средства по мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020 може да се подигнат директно во Агенцијата на адреса:Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, бул. 3-та Македонска бригада бр.20, (згр. Македонија Табак блок Ц), 1000 Скопје и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. (Листата на регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството со податоци за контакт е објавена на веб-адресата www.ipardpa.gov.mk).

  1. Начин на поднесување на барањето:

Барателот треба да пополни и поднесе Барање за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020 за поединечна мерка 1 – Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“, и придружна  документација како што е наведена во овој Јавен Повик.

Пополнетото барање за користење на средства по мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020 и целокупната документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол „НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас ИПАРД број 01/2020 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.

Напомена: Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Агенцијатa потребно е барателот да има кај себе копии од целокупната документација доставена до Агенцијата.

Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.

Јавен повик 01_2020 долга верзија

БАРАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД МЕРКА 1

УПАТСТВО ЗА КОРИСНИЦИ ЗА МЕРКА 1-МКД

УПАТСТВО ЗА ИЗРАБОТКА НА ТЕХНИЧКИ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ

УПАТСТВО ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ

УПАТСТВО ЗА ИЗРАБОТКА НА ДЕЛОВЕН ПЛАН

БРОШУРА_МЕРКА 1_МКД БРОШУРА_МЕРКА 1_АЛБ

Правилник за земјоделска пракса_Сл.Весник

ИПАРД едукативни денови за мерка 1 Јули 2020

Програма_Инфо денови за МЕРКА 1_фев2020

Инфо денови за мерка 1_ февруари_март 2020

Упатство за постапка за изградба на објекти на земјоделско земјиште

 

2020-07-22T15:15:28+00:0024 јуни 2020|Јавен Повик|