Објавен на: 08.07.2021
Трае до: 22.08.2021
Продолжен до: 06.09.2021 година
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во
понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за
спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ
(ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република
Северна Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД
Програмата 2014-2020 за следната мерка:
1. Диверзификација на фармите и развој на бизниси.
2. Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства
обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на
Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25%
средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.
3. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна
финансиска поддршка (грант) во износ од:
3.1. 65% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за
мерка „Диверзификација на фармите и развој на бизниси“.
4. Крајниот рок за поднесување на барањата е 22 август 2021 година
5. Подигнување на обрасци и упатства:
Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата
2014-2020“ како и„Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-
2020“ во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за
прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации
кои се неопходни за изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД
Програмата 2014-2020, Упатство за изготвување на Деловен План / Технички
Предлог Проект и останати корисни информации во електронска верзија може да
се превземат на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.
Печатените обрасци од барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата
2014-2020 и Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 за
може да се подигнат директно во Агенцијата на адреса:Агенција за финансиска
поддршка во земјоделството и руралниот развој, бул. 3-та Македонска бригада
бр.20, (згр. Македонија Табак блок Ц), 1000 Скопје и во најблиските регионални
центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во
земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. (Листата на регионални
центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во
земјоделството со податоци за контакт е објавена на веб-адресата
www.ipardpa.gov.mk).
6. Начин на поднесување на барањето:
Барателот треба да пополни и поднесе Барање за користење на средствата од
ИПАРД Програмата 2014-2020 за мерката 7 – Диверзификација на фармите и развој
на бизниси и целокупната документација како што е наведена во овој Јавен Повик.
Пополнетото барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 и
целокупната потребна документација се доставуваат во затворен плик со назнака
на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас
ИПАРД број 01/2021и назначување на мерката за која се поднесува барањето.
Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во
писарницата на Агенцијата.
По завршување на инвестицијата, барателот е должен да достави до Агенцијата
барање за исплата во рок утврден во Договорот за користење на средства.
Барање за исплата е унифициран образец кој што крајните корисници го добиваат
при потпишување на договорот за финансиска поддршка. Барањата за исплата
исто така ќе бидат достапни за подигнување во просториите на Агенцијата и од веб
страната www.ipardpa.gov.mk
Напомена:
Заради завршување на програмскиот период на ИПАРД 2014-2020, крајниот рок
за реализација на инвстициите е 31.05.2023, а крајниот рок за поднесување на
барање за исплата 30.06.2023 година.
Напомена: Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Агенцијатa
потребно е барателот да има кај себе копии од целокупната документација
доставена до Агенцијата.
Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил
адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.