Објавен на 28.12.2019
Отворен до 11.02.2020
Продолжен до 26.02.2020
- Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани правни лица од Република Северна Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 за следната мерка:
Мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи .
- Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.
- Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:
- 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка „ Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи “.
- Крајниот рок за поднесување на барањата е 11 февруари 2020 година
- Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 13.352.375,68 евра или 375.395, 39 денари
- Подигнување на обрасци и упатства:
Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ како и„Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020, Упатство за изготвување на Деловен План и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.
Печатените обрасци од барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 и Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 за може да се подигнат директно во Агенцијата на адреса:Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, бул. 3-та Македонска бригада бр.20, (згр. Македонија Табак блок Ц), 1000 Скопје и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. (Листата на регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството со податоци за контакт е објавена на веб-адресата www.ipardpa.gov.mk).
- Начин на поднесување на барањето:
Барателот треба да пополни и поднесе Барање за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020 за мерката Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи и придружна документација како што е наведена во овој Јавен Повик.
Пополнетото барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 и целокупната документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол „НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас ИПАРД број 02/2019 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.
По завршување на инвестицијата, барателот е должен да достави до Агенцијата барање за исплата во рок утврден во Договорот за користење на средства.
Барање за исплата е унифициран образец кој што крајните корисници го добиваат при потпишување на договорот за финансиска поддршка. Барањата за исплата исто така ќе бидат достапни за подигнување во просториите на Агенцијата и од веб страната www.ipardpa.gov.mk
Напомена: Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Агенцијатa потребно е барателот да има кај себе копии од целокупната документација доставена до Агенцијата.
Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.
Јавен Повик 02_2019 долга верзија
Барање за користење на средства од мерка 3
Упатство за користење на средства од мерка 3
Упатство за изработка на деловен план
Упатство за прибирање на понуди
ИНФО ДЕНОВИ ЗА МЕРКА 3 _ЈАНУАРИ 2020
Програма за инфо денови_мерка 3_јануари_2020 година