Секторот за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој од 01 до 15 мај 2012 г спроведе ИПАРД инфо презентации за успешно промовирање на ИПАРД Програмата и запознавање на пошироката јавност за можноста и достапноста на ИПАРД фондовите.
Со информативните настани беа опфатени 10 општини:Кичево, Демир Хисар, Демир Капија, Кавадарци, Крушево, Битола, Свети Николе, Кочани, Валандово и Струмица.
Информативната кампања беше спроведена за запознавање на земјоделците како потенцијални крајни корисници и пошироката јавност со целта и придобивките од ИПАРД Програмата за Република Македонија, како и со условите и критериумите за одобрување проекти и користење на средствата од ИПАРД Програмата. Реализацијата на ИПАРД инфо деновите допринесува кон успешно промовирање на ИПАРД Програмата и запознавање со можностите и начините за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013, како и запознавање на претставниците од МЗШВ со проблемите кои наидуваат потенцијалните корисници при поднесување на барањата за користење на средствата од ИПАРД Програмата.