Обуки за ЛЕАДЕР

Дома » Обуки за ЛЕАДЕР

Обуки за ЛЕАДЕР

Телото за управување со ИПАРД со поддршка на Проектот за подготовки за ИПАРД (СИПП) финансиран од КАРДС 2006 програмата на ЕУ и Мрежата за рурален развој на Република Македонија, организира четири обуки на тема „ЛЕАДЕР пристап за ИПАРД во Македонија“. Обуките ќе се одржат со следнава динамика:

  • СКОПЈЕ, 14 – 15 Септември, 2010, Хотел Континентал
  • СТРУМИЦА, 16 – 17 Септември, 2010, Хотел Сириус
  • МАВРОВО, 21 – 22 Септември, 2010, Хотел Бистра
  • БИТОЛА, 23 – 24 Септември, 2010, Хотел Молика

Целта на обуките е општо запознавање на учесниците со ЛЕАДЕР пристапот и користите од примена на мерките во согласност со ЛЕАДЕР принципите, информирање за практични позитивни и негативни искуства од примена на ЛЕАДЕР во земјите членки на ЕУ и вовед во можностите за примена на ЛЕАДЕР пристапот во рамките на ИПАРД Програмата 2007-2013 на Република Македонија.

Обуките ќе бидат спроведени од тим на Обучувачи: Марина Баракалова (Бугарија), Звонко Наумовски (Македонија) и Методи Методиев (Бугарија) со поддршка на експерти од Телото за управување со ИПАРД задолжени за програмирање на ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

2014-06-18T18:57:04+00:0016 септември 2010|Брошури, Соопштенија|