Во Куманово се одржа завршен настан за Кампањата за публицитет за ИПАРД Програмата 2014-2020

Дома » Во Куманово се одржа завршен настан за Кампањата за публицитет за ИПАРД Програмата 2014-2020

Во Куманово се одржа завршен настан за Кампањата за публицитет за ИПАРД Програмата 2014-2020

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, одржа завршен настан за Кампањата за публицитет за ИПАРД Програмата 2014-2020. Настанот се одржа во Куманово во зградата на поранешен Комитет во Кружната Сала.

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги претстави активностите кои што беа преземани во текот на Кампањата за публицитет на ИПАРД 2014-2020. Кампањата започна на 21 ноември 2018 година со продолжено траење од 18 на 24 месеци, поради КОВИД-19 пандемијата.

Настаните ги опфаќаат организирањето на ИПАРД инфо-едукативни деновите, ИПАРД форумите и ИПАРД работилниците. Исто така, во рамките на Кампањата како активности, се изработени и дистрибуирани Барања за користење на средства и Упатства, брошури, постери, изработка и објава на аудио и видео спотови, како и навремено ажурирање на веб страницата www.ipard.gov.mk.

Од одговорните институции информираа дека се одржани повеќе од 80 инфо едукативни денови во општините и руралните места низ целата држава, форуми и работилници, каде што потенцијалните корисници на ИПАРД фондовите беа информирани за спроведувањето и користењето на ИПАРД средствата. Во текот на спроведувањето на инфо деновите во фокусот на беа опфатени Мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства, Мерка 3 – Инвестиции во основни средства кои се однесуваат на преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи и Мерка 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси. Исто така, во текот на спроведувањето на Кампањата, беа спроведени и 3 форуми, во Велес, Берово и Валандово, како и 5 работилници низ земјата.

Целосната презентација од завршниот настан за Кампањата за публицитет на ИПАРД 2014-2020 можете да ја проследите на следните линкови: https://ipard.gov.mk/mk/soopstenija/soopstenie/zavrshen-nastan-za-publicitet-kumanovo/ или
https://www.youtube.com/watch?v=tQaqSj8cjzs&feature=youtu.be .

Повеќе информации за спроведување на активностите се достапни на веб страницата на Телото за управување со ИПАРД www.ipard.gov.mk, а дополнителни информации и детали за ИПАРД фондовите може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), (http://mzsv.gov.mk/), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (http://agencija.gov.mk/) и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ( http://ipardpa.gov.mk/ , или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 И 047/228-370.

2020-11-20T13:18:00+00:0020 ноември 2020|Соопштение, Соопштенија|