Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошниот текст: Агенција) ги известува сите заинтересирани субјекти за поднесување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 дека рокот за нивно доставување се продолжува до 30.09.2013 година.
Останатите делови од јавниот повик објавен на 08.07.2013 година остануваат непроменети и неговата целосна содржина може да се најде на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.
Продолжувањето на рокот за доставување на барањата е со цел да се излезе во пресрет на барањата од потенцијалните корисници за подготовка на квалитетни апликации, како и да се овозможување на ефикасно искористување на средства од Програмата ИПАРД 2007-2013.