
Секторот за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) организираше и спроведе 10 панел дискусии.

Секторот за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) организираше и спроведе 10 панел дискусии.

Секторот за управување со претпристапни фондови на ЕУ за рурален развој (ИПАРД) при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој со одржување на ИПАРД форумите на 26 март во Сојузот на стопански комори и 28 март во Стопанската комора на Македонија започна со информативната кампања во врска со измените на ИПАРД Програмата 2007-2013 насловена како „Нови измени во ИПАРД Програмата - подобри можности за користење на европските фондови“.

Секторот за управување со претпристапни фондови на ЕУ за рурален развој (ИПАРД) при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека на 21 ноември 2012 година на редовниот состанок на Комитетот за Рурален развој беа презентирани четвртите измени на ИПАРД Програмата 2007-2013 од страна на одделението за претпристапни програми за земјоделство и рурален развој Г4, Генерален Директорат за земјоделство и рурален развој
11ти СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИПАРД

Единаесеттиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД ќе се одржи во Скопје, во дебатната сала на Владата на Република Македонија, на 12 декември 2012 година. Со состанокот ќе претседава заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин Зоран Коњановски, како претседател.На состанокот ќе присуствуваат претставници на Европската комисија во нивната советодавна функција при работата на Комитетот.
Владата на Република Македонија -
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
во соработка со
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Тело за управување со ИПАРД
на 29.09.2012 година објавуваaт
ЈАВЕН ПОВИК бр.02/2012
за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД програмата 2007-2013
Врз основа на член 7 став 1 алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/2007, 05/2009) и согласно Програмата за користење на средствата од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) за период 2007-2013 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/2009), се објавува Јавен повик за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД програмата 2007-2013
(за повеќе изберете го насловот)
|
Инструмент за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) 2007-2013 |
|