Владата на Република Македонија
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Врз основа на член 14 став 2 (а) од Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Комисијата на Европските Заедници за правилата за соработка во однос на финансиската помош од ЕК на Република Македонија и спроведување на помошта според компонента V (ИПАРД) од инструментот за претпристапна помош (“Сл. весник на РМ“ бр. 165/2008) и врз основа на Дел V став (5) од Програмата за користење на средствата од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) за период 2007-2013 (“Сл. весник на РМ““ бр. 83/2009),
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
на 30 септември 2010 година објавувa
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2010
за доставување на барања за користење на средства од
ИПАРД Програмата 2007-2013
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Македонија да доставатбарања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 за следните мерки:
Мерка 101 – Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија
Мерка 103 – Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската Унија
Мерка 302 – Диверзификација и развој на руралните економски активности
1. Вкупниот износ на финансиските средства за спроведување на овој Јавен повик изнесува во евра 40.028.365,00 или во денари 2.465.947.426,00 од кои
– 75% од средствата се обезбедени од Европската Унија и
– 25% од средствата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.
2. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 50% од вредноста на прифатливите трошоци, односно 55% за барање поднесено од носител на земјоделско стопанство не постар од 40 години на денот на поднесување на барањето за користење на средства по мерка 101.
3. Крајниот рок за поднесување на барањата е 29.11.2010 година.
4. Подигнување на обрасци и упатства:
Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013“ како и„Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013“ во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013Упатство за изготвување на Деловен План, Упатства за издавање на неопходната документација од надлежните институции и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.
Печатените обрасци од барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 и Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 може да се подигнат директно во Агенцијата на адреса:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,
ул. Скупи 3а
1000 Скопје
и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. (Листата на регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството со податоци за контакт е објавена на веб-адресатаwww.ipardpa.gov.mk).
5. Начин на поднесување на барањето:
Барателот треба да пополни и поднесе Барање за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2007-2013 за поединечна мерка, Деловен План изработен согласно Упатството за изработка на Деловен План и придружна документација како што е наведена во Барањето за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2007-2013. Подетални информации за специфичните барања за прифатливост се наведени во Упатство за корисници на средства по ИПАРД Програмата 2007-2013.
Барањето за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2007-2013 и Деловниот план се изработуваат на македонски јазик.
Пополнетото барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 заедно со Деловниот план и целокупната потребна документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас ИПАРД број 01/2010 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.
Напомена: Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013, Деловниот План и доставената документација НЕ СЕ ВРАЌААТ. Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Агенцијатa потребно ебарателот да има кај себе копии од целокупната документација доставена до Агенцијата.
Подетални информации на контакт тел. (02) 3097 – 460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.
Општи насоки за изготвување на барањето по Јавен повик бр.01/2010