Трет Комитет за следење на ИПАРД II

Дома » Трет Комитет за следење на ИПАРД II

Трет Комитет за следење на ИПАРД II

Третиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД II, се одржи на 17-ти мај , 2018 година, во Скопје, Република Македонија.

Улогата на Комитетот е следење на ефикасноста и квалитетот во спроведувањето на Програмата за рурален развој 2014-2020 во рамки на  ИПА II.

Членовите на Комитетот за следење на ИПАРД II, кои се претставници од министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, од другите државни институции, невладини организации и социо-економските партнери на министерството за земјоделство, учествуваа во дискусиите и ги изгласаа одлуките кои беа донесени на состанокот.

Со комитетот претседаваше државениот секретар на министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство Нефрус Челику кој на почетокот ги информираше за предлог дневниот ред кој од страна на членовите беше усвоен.

Најголемо внимание предизвија  точката од дневниот ред за спроведување на ИПАРД Програмата 2014- 2020, односно за првата редовна модификација на ИПАРД Програмата 2014-2020 во која ќе се внесат две нови мерки: LEADER и Советодавни услуги. Исто така, беше речено дека ќе се изврши модификација на одредени критериуми на ИПАРД програмата. Оваа модификација ќе опфати и минимум задолжителни документи за разгледување и обработка на барањата и на тој начин ќе се избегне доставувањето на празни и некомплетни барања во ИПАРД Агенцијата. Модификацијата е во финална фаза и истата ќе биде испратена до Европската Комисија.

Зиго Рутковскис претставникот од европската Комисија го поздрави воведувањето на новите мерки со што смета дека ќе има подобрување во однос на искористување на расположливите финансиски средства.sostanok

2018-11-13T09:45:13+00:0018 јуни 2018|