Скопје, (16.01.2020)
ИПАРД инфо караванот од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за Мерка 3 продолжува во Скопје, во општините Карпош и Аеродром.
Средбата со заинтересираните граѓани/ претпријатија/ задруги во општина Карпош ќе се одржи на 17-ти јануари во 10:00 часот во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае.
Во општина Аеродром средбата ќе се одржи во салата на општината, на 17-ти јануари во 14:00 часот.
Мерка 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020 овозможува инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Висината на финансиската поддршка изнесува до 50% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата каде минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци по инвестициски проект е 10.000 евра.
Во следните две седмици, инфо деновите продолжуваат во Битола, Градско, Кочани и Богданци.
Подетални информациите сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите https://ipard.gov.mk, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство http://mzsv.gov.mk/, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој http://www.ipardpa.gov.mk Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството http://agencija.gov.mk/, или да се јават во Сектор ИПАРД на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.