Се откажуваат инфо деновите низ земјата за ИПАРД фондовите според насоките на Министерството за здравство

Дома » Се откажуваат инфо деновите низ земјата за ИПАРД фондовите според насоките на Министерството за здравство

Се откажуваат инфо деновите низ земјата за ИПАРД фондовите според насоките на Министерството за здравство

Последните одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство во врска со корона вирусот, се однесуваат и на забрана на сите собири на отворено и затворено.

Почитувајќи ги препораките и издадените забрани, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со  Телото за управување со ИПАРД фондовите известуваат дека кампањата за информирање и едукација за инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014 – 2020 нема да продолжи со инфо караванот во наредните 14 дена.

Се известуваат сите земјоделци и заинтересирани лица дека инфо деновите нема да се одржуваат, а од МЗШВ замолуваат и почитување на препораките на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство.

2020-03-11T12:41:07+00:0011 март 2020|