Предходна најава за аплицирање по мерката 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси” од ИПАРД Програмата 2014-2020

Дома » Предходна најава за аплицирање по мерката 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси” од ИПАРД Програмата 2014-2020

Предходна најава за аплицирање по мерката 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси” од ИПАРД Програмата 2014-2020

Телото за управување со ИПАРД ги информира сите земјоделци, физички и правни лица (микро и мали претпријатија) и задруги, заинтересирани да аплицираат за добивање на финансиска поддршка од мерката 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси”, да започнат со подготвка на целокупната документација. Со Јавниот повик, кој ќе биде објавен во јуни 2021 година, ќе може да се поднесат Барања за користење на средства до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по следниве приоритетни сектори и тоа:

  1. Алтернативно земјоделско производство
  2. Производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции:
  • Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;
  • Колачи, тестенини и пекарски производи;
  • Чај и билни екстракти;
  • Зачини и билки;
  • Слатководна риба, ракови и мекотели, и
  • Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ.
  1. Производство на не-прехранбени производи
  2. Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите
  3. Обезбедување на услуги во земјоделството
  4. Развој на услуги за руралното население
  5. Промоција на руралниот туризам

Висината на финансиската подршка изнесува 65% од вкупно прифатливите трошоци за инвестицијата, која е потребно да се движи во најмала вредност од 1.500 евра до најголема вредност на вкупно прифатливите трошоци за инвестицискиот проект од 1 милион евра. Земјиштето и/или објектите е потребно да бидат во сопственост на барателот или да постои Договор за закуп од најмалку 7 години. (целиот текс на најавата е даден подолу)

Дополнителни информации и детали за предходната најава за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството www.agencija.gov.mk или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

PRETHODNA NAJAVA IPARD MK 30042021

2021-05-06T15:10:20+00:0030 април 2021|