Инфо ден во Демир Капија за мерка 7 од ИПАРД Програмата 2014-2020

Дома » Инфо ден во Демир Капија за мерка 7 од ИПАРД Програмата 2014-2020

Инфо ден во Демир Капија за мерка 7 од ИПАРД Програмата 2014-2020

Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ и АФПЗРР ги покануваат сите физички лица, микро и мали претпријатија и задруги да присуствуваат на овој инфо ден и да се информираат за можностите за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020 односно мерката 7 Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

Инфо денот ќе се одржи на 10 август 2021 година (вторник) во 10.00 часот во Домот на културата во Демир Капија.

Јавниот повик 01/2021 е објавен на 8 јули 2021 година на интернет страницата на Телото за управување со ИПАРД  www.ipard.gov.mk на следниов линк:

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2021 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 – ИПАРД – (ipard.gov.mk)

Во тек е доставувањето на Барањата за користење на средствата, со цел до 22 август 2021 година сите апликанти да ги достават комплетно пополнетите Барања за користење на средства и целокупната документација, која се бара во Јавниот повик, до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Пополнетото Барање за користење на средства за мерка 7 и целокупната документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол „НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен повик ИПАРД број 01/2021 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.

–Дополнителни информации се достапни на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство www.ipard.gov.mk , Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството www.agencija.gov.mk или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

2021-08-12T12:40:04+00:009 август 2021|