Третиот состанок на комитетот за следење на ИПАРД III се одржа на 16ти мај 2024 година во Скопје. Покрај членовите (или нивните заменици), на состанокот како набљудувачи присуствуваа и претставници од Европската Комисија (ГД за земјоделство), управувачката структура, ИПАРД агенцијата, ревизорското тело и телото за управување со ИПАРД. Со комитетот претседаваше Претседавачот на Комитетот за следење на ИПАРД.
Согласно со точките од дневниот ред за третиот состанок, претставниците на ГД за земјоделство ги информираа присутните за состојбата со спроведување на ИПАРД во останатите земји кои го спроведуваат. Покрај тоа, присутните се информираа и за:
- состојбата со спроведување на ИПАРД II Програмата и првиот јавен повик од ИПАРД III Програмата,
- втората модификација на ИПАРД III Програмата (усвоена по пат на пишана процедура),
- функционирањето на системот за управување и контрола на сите ИПАРД институции,
- спроведувањето на планот за евалуација на ИПАРД,
- спроведувањето на активностите во акцискиот план за набавка за 2024 година (АПТА 2024),
- превземените активности за комуникација и публицитет на ИПАРД.
Како дел од постојаните обврски на Комитетот за следење на ИПАРД, на третиот состанок, членовите на Комитетот за следење на ИПАРД ги усвоија записниците од претходниот состанок и посетија корисници со реализирани ИПАРД проекти.
3. Предлог Дневен Ред_КС ИПАРД III_3ти
4. Записник од втор состанок на КС_КС ИПАРД III_3ти
8.a Општи информации за спроведување на мерките на програмата_КС ИПАРД III_3ти
8.б Информација за напредокот на активностите на АФПЗРР во однос на ИПАРД_КС ИПАРД III_3ти
10. Информација за фунционирање на системот за УК за ИПАРД II_КС ИПАРД III_3ти
10. Информација за фунционирање на системот за УК за ИПАРД III_КС ИПАРД III_3ти
11.в Информација за годишен ревизорски извештај_КС ИПАРД III_3ти
14.a Преглед и ажурирање на активностите за евалуација_КС ИПАРД III_3ти