На 06ти мај 2026 година, во Скопје, се одржа 7от состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027.
На состанокот на Комитетот, покрај редовните претставници (членови или нивни заменици), во улога на набљудувачи учествуваа и претставници на: Европската Комисија (ГД за земјоделство), Управувачката структура, ИПАРД Агенција, Ревизорското тело и Телото за управување со ИПАРД.
Согласно Деловникот за работа на Комитетот, претседавач на седмиот состанок на Комитетот беше државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.
Согласно точките од дневниот ред за седмиот состанок, претставниците на ГД за земјоделство ги информираа присутните за состојбата со спроведување на ИПАРД во останатите земји, споредувајќи го спроведувањето во земјите кориснички. Членовите и набљудувачите во Комитетот за следење изразија задоволство од брзото надминување на состојбата која настана во ноември 2025 година. Потенцијалниот корупциски скандал беше дефиниран како изолиран случај кој не го попречува понатамошното реализирање на ИПАРД Програмата во Македонија.
Претставниците на Телото за управување со ИПАРД, Управувачката Структура и ИПАРД Агенција, презентираа детални информации за:
- Состојбата со спроведување на ИПАРД Програмата 2021-2027;
- Информација за функционирање на системот за управување и контрола и финансиско спроведување на ИПАРД Програмата 2021-2027;
- Напредок во процесот на обработка на барањата од јавните повици 01/2024, 02/2024 и 01/2025 од ИПАРД Програмата Програмата 2021-2027;
- Информација за Планот на активности и повици во 2026 година (вклучувајќи и акциски план за подобрување на искористеност);
- Информација за состојбата со акредитација на мерките од ИПАРД Програмата 2021-2027;
- Дискусија/одобрување на трета модификација на ИПАРД Програмата 2021-2027;
- Информација за контроли (направени ревизии, следење на превземени активности и годишен ревизорски извештај;
- План за видливост и комуникација (Преглед на активности од годишниот акциски план за комуникација и публицитет за 2026 година);
- Преглед на спроведување на Планот за евалуација на ИПАРД Програмата 2021-2027;
- Активности за техничка помош (Преглед на реализација на активности од АПТА 2026)
Како дел од постојаните обврски на Комитетот за следење на ИПАРД, на седмиот состанок, членовите на Комитетот ги усвоија записниците од претходниот состанок.
Во продолжение се дадени дневниот ред и придружните материјали за 7 от состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027.
Агенда_ИПАРД 3МК_7ми
Покана набљудувачи_ седми МК
2.Нацрт записник_6MК
7.a Општи информации за спроведување на програмата_КС ИПАРД III_7ми
7.б Информација ИПАРД Агенција_КС ИПАРД III_7ми
9. Информација за СУК_КС ИПАРД III_7ми
10. а Информација за контроли и ревизија_ИПАРД Агенција_КС ИПАРД III_7ми
10. в Годишен ревизорски извештај_КС ИПАРД III_7ми

