МЗШВ одржа форум за унапредување на спроведувањето и користењето на средствата од ИПАРД 2014-2020

Дома » МЗШВ одржа форум за унапредување на спроведувањето и користењето на средствата од ИПАРД 2014-2020

МЗШВ одржа форум за унапредување на спроведувањето и користењето на средствата од ИПАРД 2014-2020

Секторот за управување со ИПАРД фондови при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство почетокот на оваа недела го одбележа со одржување на Форум за унапредување на спроведувањето и користењето на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020. На 6-ти и 7-ми октомври, во хотел Аурора во Берово, се одржа дводневниот форум каде што беа претставени ИПАРД можностите за македонските рурални средини.

На Форумот со свои презентации учествуваа Секторот за одобрување на проекти и Секторот за одобрување на исплати од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, под модераторство на Телото за управување со ИПАРД.

Презентациите и дискусиите се однесуваа за Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства„, Мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ и Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. За сите мерки посебно беа објаснети начините за поднесување на барања за финансиска поддршка и барањата за исплата, и особено сите потребни документи при поднесувањето на барањата.

Дополнителни информации и детали за инфо деновите за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), (http://mzsv.gov.mk/), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (http://agencija.gov.mk/) и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, (http://ipardpa.gov.mk/ , или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

Програма ИПАРД форум_Берово 06102020_07102020

 

 

Галерија

 

2020-10-08T15:51:11+00:007 октомври 2020|