Информативен ден за Можностите кои ги нуди ИПАРД Програмата 2014-2020

Дома » Информативен ден за Можностите кои ги нуди ИПАРД Програмата 2014-2020

Информативен ден за Можностите кои ги нуди ИПАРД Програмата 2014-2020

Штип 31 јануари 2017Одржан информативен ден за Можностите кои ги нуди ИПАРД Програмата 2014-2020

 

STIP 6

Претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ)  на земјоделците од штипско-карбинкиот регион им ја презентираа ИПАРД 2 Програмата која  нуди поголемо кофинансирање од 60% до максимум 70%. Втората новина е што се проширува опсегот на инвестиции, односно средства ќе може да се користат и во поледелството, и во инвестирање во обновливи извори на енергија.
– ИПАРД 2 бара од апликантите да ги исполнат условите наведени во нашето национално законодавство. Критериумите што се бараат мора да се докажат и со соодветна документација.
Покрај стандадизацијата и усогласувањето на македонското со  ЕУ законодавтсвото, Владата формираше  Гарантниот фонд кој може да го користат и преработувачките капацитети за градење дистрибутивни центри за овошје и зеленчук, млекарници, кланици, винарии, конзервната, месната и мелничката индустрија.Досегашниот бенефит од функционирањето на Фондот има  неколку позитивни искуства, меѓу кои одобрените кредити за земјоделска механизација и за ИПАРД инвестиции ,изградба на краварска фарма, вреден 400.000 евра, во кој инвеститорот, обезбеди кредит од 200.000 евра, а преку Фондот му се гарантирани 50 отсто од хипотеката.

Земјоделецот Николче Колев кој денеска присуствуваше на презентацијата истакна дека фармерите имаат добри подготовки и голема помош од МЗШВ за да аплицираат за добивање средства, односно проекти од ИПАРД 2 Програмата.

STIP 1 STIP 4STIP 2

2017-02-03T15:23:11+00:001 февруари 2017|General|