Огромна заинтересираност на прилепските земјоделци за ИПАРД Програмата 2014-2020

Дома » Огромна заинтересираност на прилепските земјоделци за ИПАРД Програмата 2014-2020

Огромна заинтересираност на прилепските земјоделци за ИПАРД Програмата 2014-2020

Огромна заинтересираност на прилепските земјоделци за ИПАРД Програмата 2014-2020

Прилеп, 01.02.2017 

 

 

bitola 3

ИПАРД Програмата 2014-2020 презентирана пред прилепските земјоделци од страна на претставници на Министерството за земјоделство во соработка со Агенцијата за поддршка на руралниот развој , Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Општина Прилеп и Центарот за развој на пелагонискиот плански регион .Се презентираа трите мерки кои ќе бидат објавени во првиот повик од новата програма . Земјоделците ги добија сите потребни информации како да аплицираат за оваа програма.ИПАРД Програмата 2014-2020 во однос на ИПАРД  2007-2013 има одредени измени, особено во делот на растителното производство каде што е внесено и поледелството како можност за инвестиции. Во овој програмски период од 2014 до 2020 година се очекува искористеноста на средствата да биде многу поголема затоа што во минатото беа лимитирани поледелските култури како и   живинарските фарми со конзумно јајце не во ИПАРД 2007-20013. Со измените  бројот на земјоделски култури со кои може да се конкурира, особено во регион, Прилеп, Кривогаштани и Долнени, каде житните култури ги има во големи површини и каде скоро секое семејство има засадено вакви површини. Минималниот праг  е 10 декари .

Игор Гулабоски од фабриката за преработка на овошје и зеленчук “Бим Фуд” го сподели своите позитивни искуства со ИПАРД Програмата 2007-2013. Игор вели стануваше збор за набавка на нова опрема за фабриката за преработка на овошје и зеленчук каде  два пати користевме  средства од ИПАРД Програмата. Процедурата за добивање средства  не е толку едноставна, има правила, но доколку се придржуваш кон нив ништо не е сложено. Значи нашите машини сите беа од други држави, бидејќи не се произведуваат кај нас, целата таа потребна документација требаше да се среди, да се преведи, но доколку се јавеше некаков проблем од самата Агенција не известуваше со рок за корекција. Значи се се решава доколку се оди според програмата која се нуди. Планираме сега повторно да аплицираме и за ИПАРД 2 програмата и повторно тие средства би ги искористиле за набавување на машини и осовременување на производството.

   bitola416298980_1654742041218997_1627520120403191609_n bitola5 Bitola7

16425938_1654741774552357_1738786801197968435_n

2017-02-03T15:19:29+00:003 февруари 2017|