Цветков: Изградба на сушари за сигурен пласман на производството

Дома » Цветков: Изградба на сушари за сигурен пласман на производството

Цветков: Изградба на сушари за сигурен пласман на производството

Цветков: Изградба на сушари за сигурен пласман на производството

Дата на објава: 1 Ноември 2015

ipard 13

Изградба на мали сушари за зачувување на вишокот земјоделски производи и нивен сигурен пласман како полупроизводи со повисока цена, најави денеска ресорниот министер Михаил Цветков, отворајќи ја традиционалната манифестација Денот на празот во село Градашорци, општина Василево. Станува збор за проекти, објасни Цветков, кои ќе можат да се реализираат преку ИПАРД пограмите.

– Подготвуваме проекти за мали сушари во кои земјоделците, количините што не ќе можат да ги продадат како свежи, ќе можат да ги сушат, а потоа и нив да ги пласираат на пазарот. Со тоа практично им се овозможува продажба на целата произведена количина, рече министерот.

ИПАРД 2 Програмата предвидуваа 60 отсто кофинансираање, а Гарантниот фонд ќе гарантира 50 проценти од хипотеката.

– Тука е и субвенцијата за каматата што земјоделецот ќе ја земе од банката. Ние ќе ја кофинансираме со 50 проценти, нагласи Цветков.

Денот на празот се одржува во дворот на црквата „Свети Никола“ во Градашорци, а го организира општина Василево, под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Посакувајќи им на производителите бериќетна сезона, министерот потенцира дека државата финансиски ги подржува ваквите манифестации зашто преку нив сака да се промовираат земјоделските култури кои во одредени региони се најмногу застапени.

– Празот во овој регион е своевиден бренд и од тие причини даваме финансиска помош за негова промоција, истакна Цветков.

Градоначалникот на Василево Ване Стојанов изрази благодарност за финасиската подршка и посочи дека општината прави максимални напори за промоција на овој квалитетен производ, кој успева во ова подрачје. – Се залагаме на празот да му обезбедиме пласман, а на земјоделците пристоен живот. Градашорскиот праз е еден од најквалитетните во Македонија и пошироко, нагласи Стојанов.

Посетителите на манифестацијата имаа можност да пробаат од специјалитетите со праз кои ги подготвија вредните домаќинки.

 

 

2016-05-10T15:54:27+00:0010 мај 2016|