Организиран промотивен настан за презентација на ИПАРД 2 Програмата

На 21 декември 2016 година во Хотел Сириус во Струмица беше организиран промотивен настан за презентација на ИПАРД 2 Програмата 2014-2020 насловена како “Европски можности за македонското земјоделство”.

Целта на настанот беше да се информираат целните групи и пошироката јавност во врска со помошта обезбедена во рамките на ЕУ инструментот за претпристапна помош за рурален развој за 2014-2020 година. Присутните на настанот имаа можност да добијат подетални информации за две мерки од оваа  Програма и информации за тоа кој може да аплицира, како и каде да се поднесат апликациите, за висината на финансиската поддршка, критериумите за прифатливост и други корисни информации.
На настанот, на кој учествуваа околу 40 заинтересирани, потенцијални апликанти, претставници на Земјоделски задруги, Здруженија и други заинтересирани страни презентации одржаа претставници од ИПАРД Секторот, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Во рамките на овој настан беа презентирани следните  теми :
1. Инвестиции во физички средства на земјоделски стопанства;
2. Диверзификација на фармите и развој на бизниси;
3. Гарантен фонд и субвенционирање на каматни стапки за ИПАРД;
4. Презентација на потребни документи за поднесување на барања за ИПАРД средства.

По презентацијата на овие теми, присутните имаа можност да дискутираат со презентерите и да разменат искуства во врска со ИПАРД Програмата.Промотивниот настан беше организиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со Секторот ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка и поттикнување на руралниот развој.

123

2017-01-03T15:34:14+00:003 јануари 2017|General|