Комуникација и публицитет 

Дома » Комуникација и публицитет 
Комуникација и публицитет 2014-09-10T01:05:12+00:00

ИПАРД Оперативната структура е одговорна за организирање на публицитетот и улогата на ЕУ во финансирањето на ИПАРД Програмата.

Телотото за управување за ИПАРД Програмата е одговорно за нејзиниот публицитет, како што следува:

(а) информирање на потенцијалните корисници, професионалните организации, економските и социјалните партнери, телата вклучени во унапредувањето на еднаквоста помеѓу мажите и жените и соодветните невладини организации, вклучувајќи ги организациите за заштита на животната средина за можностите кои ги нуди ИПАРД Програмата и правилата за пристап до средствата од ИПАРД Програмата;

(б) информирање на целокупната јавност за улогата која ја завзема Европската Унија во ИПАРД Програмата и за резултатите од истата. ИПАРД Агенција обезбедува соодветен публицитет за достапност на ИПАРД помошта, додека Телотото за управување го следи и гарантира исполнувањето на обврските поврзани со публицитет на ИПАРД Програмата. Информациите и публицитетот треба да го потенцираат учеството во ко-финансирањето на ЕУ и да биде насочено кон сите потенцијални управители и извршители на проекти со цел да се добие колку што е можно поширок избор на можни управители и извршители на проектот. Стандардните формулари за аплицирање со јасни упатства за пополнување и условите за квалификување се составуваат пред објавување на ИПАРД Програмата. На потенцијалните крајни  корисници или на финалните корисници не им се наметнуваат никакви давачки за информациите, вклучувајќи ги формуларите за аплицирање поврзани со ИПАРД Програмата.

ИПАРД Агенција ги информира крајните корисници за придонесот на ЕУ и е одговорна за објавување на списокот на крајните корисници во согласност со следниве услови:

а) Објавата треба да биде во стандардна форма, и на посебно посветено и достапно место на интернет страната. Доколку објавувањето на интернет страна не е можно, тогаш објавувањето се врши на друго одредено место, вклучително и службениот весни.

б)   Периодот за објавување на списокот на крајни корисници е во првата половина од последователната година од буџетската година за која се однесуваат финансиските средства.

в) Европската Комисија треба да биде известена за адресата и местото на објавување. Доколку информацијата е објавена поинаку, Комисијата треба да биде известена за сите детали и методи на објавувањето.

г) ИПАРД Агенцијата треба да обезбеди дека крајниот корисник е известен дека прифаќањето на средствата значи и прифаќање неговите податоци да бидат објавени во списокот на крајни корисници.

За објавувањето на податоците на крајните корисници ќе важат правилата согласно Регулативата (ЕЦ) бр. 45/2001 на Европскиот Парламент и Советот од 18 декември 2000 за заштита на индивидуите во поглед на обработка на лични податоци од страна на институциите на ЕУ и телата и за слободно движење на таквите податоци со доследно почитување на барањата за безбедност на податоците. Активностите за објавување информации за помошта од ИПАРД Програмата се спроведуваат врз основа на План за комуникација кој треба да се договори помеѓу Телотото за управување со ИПАРД и Европската Комисија пред донесувањето на одлуката за пренос на правото на управување со ИПАРД од страна на Комисијата.

Овој План за комуникација се оценува од страна на Комитетот за следење на ИПАРД и ги утврдува:

(а) целите и целните групи;

(б) содржината и стратегијата на мерките за информирање и публицитет, наведувајќи ги мерките кои треба да се преземат;

(в) индикативниот буџет за предвидените активности;

(г) административните сектори или тела одговорни за спроведување на комуникацијата;

(д) критериумите кои треба да се користат за оценување на влијанието на мерките за информирање и публицитет во однос на транспарентноста, запознаеноста со ИПАРД Програмата и улогата на Европската Унија во ИПАРД.

Планот за комуникација детално ги прикажува мерките за информирање и публицитет на ИПАРД Програмата и алатките и методите за комуникација.

Воедно во Планот за комуникација се распеределуваат активностите за информирање и публицитет помеѓу Телото за управување со ИПАРД и ИПАРД Агенцијата.   (текстот и приложените документи се во согласност со одредбите од член 24 од ИПА Рамковната спогодба и член 69, член 70 и Анекс 1 точка 5. од ИПАРД Секторската спогодба)

pdf_16 Упатство на Европската Комисија за изработка на План за комуникација на ИПАРД (ноември, 2009)_ЕНГ

pdf_16 Нацрт План за Комуникација на ИПАРД Програмата 2007-2013 (декември, 2010)_МК

pdf_16 Годишен акционен план за комуникација за 2012 година