Деветти состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020

Дома » Деветти состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020

Деветти состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020

На 15ти декември 2021 година, во Струмица, се оддржа деветтиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД 2014-2020. Комитетот е Тело за следење на Програмата и донесување на одлуки и заклучоци со цел  подобрување во спроведувањето на ИПАРД. Во Комитетот  за следење на ИПАРД членуваат/присутни беа представници од повеќе институции, граѓански организации, комори, претставници на Европската Комисија, Делегација на Европската Унија во земјата, претставници на ИПАРД структурата, Телото за управање со ИПАРД, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и набљудувачи. Со Комитетот претседава државниот секретар на Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство Г-н Реџаил Исмаили.

   

На деветтиот состанок, Комитетот беше информиран за напредокот во реализацијата на Програмата, спроведување на целите, мерките и инвестициите од ИПАРД Програмата 2014-2020. Комитетот се информираше и за нацрт ИПАРД Програмата за новиот програмски период 2021 -2027 година, која е се уште во фаза на изработка и одобрување. Мерките кои ќе бидат опфатени со новиот програмски период се истите 4 мерки акредитирани во ИПАРД Програмата 2014-2020, како и дополнителни мерки  за Агро-екологија-клима и органско производство, cпроведување на стратегии за локален економски развој – ЛИДЕР пристап, iнвестиции во рурална јавна инфраструктура и мерката cоветодавни услуги. Описот на овие мерки е информативен до моментот на нивна акредитација.

Нацрт програмата е достапна на следниов линк: https://ipard.gov.mk/en/draft-ipard-2021-2027-programme/

Последниот ден од одржувањето на 9-тиот состанок на Комитетот беше посветен на посета на успешни проекти од ИПАРД Програмата 2014-2020. Беа посетени два успешни проекти од два приоритетни сектори, и тоа: преработка на млеко и млечни производи Млекара Москов МС од Струмица и сектор Шира, вино и оцет АД Струмичко Поле од с. Василево Струмица. Двете инвестиции се реализирани и исплатени по мерка 3 Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

     

Со цел подобра информираност на пошироката јавност материјалите од 9-тиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД се дадени во продолжение.

1. Предлог дневен ред_КС ИПАРД II_9ти

2. Записник 8МК_КС ИПАРД II_9ти

6.1. Функционирање на системот за следење и контрола_КС ИПАРД II_9ти

6.2. Информација за резултатите од спроведувањето на ИПАРД_КС ИПАРД II_9ти

6.3. Информација на ИПАРД Агенцијата_КС ИПАРД II_9ти

7.1. Информација за спроведување на АПТА 2021_КС ИПАРД II_9ти

7.2. Усвојување на АПТА 2022_КС ИПАРД II_9ти

7.3 Извештај за комуникација и публицитет_КС ИПАРД II_9ти

7.4. Годишен план за Комуникација и публицитет за 2022_КС ИПАРД II_9ти

8.1. Напредок на активности поврзани со евалуација на ИПАРД_КС ИПАРД II_9ти

9.1. Нацрт ИПАРД Програма 2021-2027_КС ИПАРД II_9ти

 

2021-12-23T11:38:01+00:0020 декември 2021|