Скопје, (28.01.2020)
Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денес и утре, ќе ја претстави Мерка 3 во градовите Кочани и Градско. Министерството ги поканува сите заинтересирани граѓани, претпријатија, (микро, мали и средни) и заинтересираните задруги да дојдат и да се информираат околу инвестициите.
Средбата во Кочани ќе се одржи денес (28.01.2020) со почеток во 11:00 часот во Салата за совет при општината на градот.
Додека утре (29.01.2020), со мерка 3 ќе се запознаат заинтересираните во Богданци во ресторанот „TP EVRI – RD.“ Средбата е закажана за 11:00 часот.
Мерката 3 од ИПАРД овозможува инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Прифатливи инвестиции со оваа мерка се: изградба и реконструкција на згради и друг недвижен имот, купување на нови машини и опрема/инструменти, специјални транспортни резервоари и приколки и воспоставување на инфраструктура на имотот на претпријатието.
Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа https://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://agencija.gov.mk/ http://www.ipardpa.gov.mk, или да се јават во Сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.