Изготвено e Упатство за постапка за добивање на Мислење/Дозвола за наводнување на земјоделско земјиште

Дома » Изготвено e Упатство за постапка за добивање на Мислење/Дозвола за наводнување на земјоделско земјиште

Изготвено e Упатство за постапка за добивање на Мислење/Дозвола за наводнување на земјоделско земјиште

Телото за Управување со ИПАРД во рамки на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со Секторот за води од Управата за животна средина при Министерство за животна средина и просторно планирање изготвија и усогласија Упатство за постапка за добивање на Мислење односно Дозвола за наводнување на земјоделско земјиште. Станува збор за усогласување на две постапки, и тоа: постапка за добивање на Мислење за користење на подземни води за наводнување до 1 литар во секунда каде што непостои систем за наводнување и втората постапка  се однесува на добивање на Дозвола за наводнување на земјоделско земјиште од површински и подземни води и тоа со количина на вода поголема од 1 литар во секунда.  Упатството е достапно во продолжение:

Упатство за постапка за добивање на Мислење_ Дозвола за наводнување на земјоделско земјиште

2021-03-16T13:27:46+00:0016 март 2021|Соопштение, Соопштенија|