Инфо деновите за мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси”,  кои започнаа во Кочани и Берово, ќе продолжат во Охрид и Вевчани

Дома » Инфо деновите за мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси”,  кои започнаа во Кочани и Берово, ќе продолжат во Охрид и Вевчани

Инфо деновите за мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси”,  кои започнаа во Кочани и Берово, ќе продолжат во Охрид и Вевчани

На 28 јули 2021 година (среда), Телото за управување со ИПАРД и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе одржат информативно- едукативни настани во:

  • Охрид, во салата за совет на општина Охрид во 11.00 часот и
  • Вевчани, во салата за совет на општина Вевчани во 13.00 часот.

Инфо деновите се одржуваат со цел подобра информираност на заинтересираните странки во врска мерката 7 од ИПАРД Програмата 2014-2020 и поставување на прашања и добивање на одговори за сите странки кои се заинтересирани за аплицирање по оваа мерка.

Јавниот повик 01/2021 за мерката 7 е објавен на 8ми јули 2021 година и во тек е доставувањето на Барањата за користење на средствата со цел до 22 август 2021 година сите заинтересирани странки да ги достават комплетно пополнетите Барања за користење на средства и целокупната документација, која се бара во Јавниот повик, до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Приоритетни сектори по кои може да се аплицира со овој Јавен Повик се:

  1. Алтернативно земјоделско производство
  2. Производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции:
  • Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;
  • Колачи, тестенини и пекарски производи;
  • Чај и билни екстракти;
  • Зачини и билки;
  • Слатководна риба, ракови и мекотели и
  • Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ.
  1. Производство на не-прехранбени производи
  2. Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите
  3. Обезбедување на услуги во земјоделството
  4. Развој на услуги за руралното население
  5. Промоција на руралниот туризам

Јавниот повик 01/2021 е објавен на интернет страницата на Телото за управување со ИПАРД  www.ipard.gov.mk на следниов линк:

https://ipard.gov.mk/mk/soopstenija/javen-povik/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b1%d1%80-01-2021-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d0%b0%d1%80/

– За дополнителни информации и детали за предходната најава за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството www.agencija.gov.mk или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

2021-07-27T10:38:02+00:0027 јули 2021|Инфо денови, Соопштение, Соопштенија|