СЕДМИ СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА 2014-2020

Дома » СЕДМИ СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА 2014-2020

СЕДМИ СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА 2014-2020

Во услови на светска пандемија со Ковид-19, на 26 ноември 2020 година се одржа седмиот состанок на Комитет за следење на ИПАРД 2014 – 2020 Програмата. Поради големиот број на членови на Комитетот, а со цел почитување на протоколите од новонастанатата состојба со пандемијата, состанокот беше непречено одржан преку електронска комуникациска мрежа. Во работата на седмиот Комитет за следење на ИПАРД учествуваа мнозинството негови членови, претставници од ДГ Агри при Европската Комисија (Лиам Бреслинг, Зиго Рутковскис и Мариус Лаздинис), од Делегацијата на Европската Комисија во Скопје и поголем дел од набљудувачите на Комитетот. Со состанокот претседаваше државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водосотопанство г-дин Реџаил Исмаили.

Одговорните од Телото за управување со ИПАРД, НИПАК, ИПАРД Агенцијата и  НАО информираа за напредокот на ИПАРД Програмата помеѓу двата Комитети за следење на ИПАРД. Сите членови и присутни учесници на состанокот имаа можност активно да се вклучат во дискусијата и да поставуваат прашања. Во информацијата за активностите и  напредокот во спроведувањето на ИПАРД Програмата, беше нагласено дека сите средства однапред предвидени за оваа година се веќе исплатени и без можност за поврат на истите. Се дискутираше за потребата од зајакнување на капацитетите со човечки ресурси на целата ИПАРД структура во земјата, особено во ИПАРД Агенцијата,  како и за можностите за воведување на софтверски решенија со цел забрзување на имплементацијата и ефикасно користење на средствата. Во таа насока беше информирано дека во тек е подготовка на софтвер за електронско аплицирање (со поддршка на Европската Комисија) и обработка на апликациите доставени до ИПАРД Агенцијата.

ИПАРД Програмата 2014-2020 е во завршна фаза на реализација и се очекува објавување на уште еден јавен повик кој ќе се однесува за мерката 7 при што  со модификација ќе се пренаменат преостанатите средсва од другите мерки во мерка 7 Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

На состанокот беше презентирана и информација за подготовка и временска рамка  на ИПАРД III Програмскиот период 2021-2027, каде се планира усвојување  на програмата од страна на Европската комисија во ноември 2021 година. Со усвојување на новиот програмски документ, задржување на постојните и воведување на нови мерки, ќе се продолжи поддршката за развој на руралните подрачја со искористување на повисоки средства од ИПА фондовите за рурален развој.

За подобро и транспарентно информирање во продолжение ги приложуваме материјалите кои беа презентирани и дискутирани за време состанокот.

1. Нацрт дневен ред_КС ИПАРД II_7ми

2. Нацрт записник_6КС_КС ИПАРД II_7ми

3. Информација за спроведени одлуки и заклучоци_КС ИПАРД II_7ми

6.1 Извештај за следење 2020_КС ИПАРД II_7ми

6.2 Информација за напредокот на активностите на АФПЗРР за ИПАРД Програмата 2014-2020_КС ИПАРД II_7ми

6.3 НАО Извештај_КС ИПАРД II_7ми

7.1 Информација по однос на можна трета модификација на ИПАРД Програма 2014-2020_КС ИПАРД II_7ми

8.1 Информација за напредок на активности во однос на спроведување на АПТА 2020_КС ИПАРД II_7ми

8.2 APTA 2020_втора измена_КС ИПАРД II_7ми

8.3 APTA 2021_КС ИПАРД II_7ми

8.4 Извештај за комуникација и публицитет_КС ИПАРД II_7ми

8.5 Годишен план за Комуникација и публицитет за 2021_КС ИПАРД II_7ми

9.1 Информација по однос на Ex- post евалуација на ИПАРД Програма 2007-2013_КС ИПАРД II_7ми

10.1 Информација за подготовка на ИПАРД Програма 2021-2027_КС ИПАРД II_7ми