4 состанок на комитетот за следење на ИПАРД III

Дома » 4 состанок на комитетот за следење на ИПАРД III

4 состанок на комитетот за следење на ИПАРД III

Четвртиот состанок на комитетот за следење на ИПАРД III се одржа на 3-ти декември 2024 година во Скопје. Покрај членовите (или нивните заменици), на состанокот како набљудувачи присуствуваа и претставници од Европската Комисија (ГД за земјоделство), управувачката структура, ИПАРД агенцијата, ревизорското тело и телото за управување со ИПАРД. Со комитетот претседаваше државната секретарка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Даниела Иротова Лазарева.

Согласно со точките од дневниот ред за четвртиот состанок, претставниците на ГД за земјоделство ги информираа присутните за состојбата со спроведување на ИПАРД во останатите земји, истакнувајќи дека спроведувањето на ИПАРД програмата во Македонија е на напредно ниво. Покрај тоа, присутните се информираа и за:

  • Назначувањето на новите членови и нивни заменици,
  • Состојбата со спроведувањето на ИПАРД Програмата 2014-2020 и 2021-2027 
  • Функционирањето на системот за управување и контрола на сите ИПАРД институции,
  • Анализата на резултатите од јавните повици 01/2023 и 01/2024 и планираните нови јавни повици од програмата 2021-2027, 
  • Планираните активности за акредитација на нови мерки,
  • Превземените активности за комуникација и публицитет за 2024 година и Акцискиот план за Комуникација и Публицитет на ИПАРД Програмата 2021-2027 за 2025 година,
  • Спроведувањето на планот за евалуација на ИПАРД и
  • Спроведувањто на активностите од АПТА 2024 и АПТА 2025

Комитетот за следење на ИПАРД, беше запознат со Индикативниот годишен акциски план за набавки (АПТА) 2025 и истиот ќе бидe доставен на усвојување до сите членoви, по писмен пат.  

Како дел од постојаните обврски на Комитетот за следење на ИПАРД, на четвртиот состанок, членовите на Комитетот ги усвоија записниците од претходниот состанок, годишниот план за публицитет за 2025 година и посетија корисници со реализирани ИПАРД проекти.

1. Предлог Дневен ред 4 МК ИПАРД III_финал
3. Нацрт записник_3КС
6. ГД АГРИ презентација МК ИПАРД III КС_03122024
7.a Општи информации за имплементација на мерките_КС ИПАРД III_4ти
7.б.в.г. Информација за напредокот на активностите на АФПЗРР_КС ИПАРД III_4ти
8. Информација за функционирање на СУК_КС ИПАРД III_4ти
9. Информација за контроли_ИПАРД Агенција_КС ИПАРД III_4ти
9. Информација за контроли_РТ_КС ИПАРД III_4ти
10.б. Акциски план за комуникација и публицитет за 2025_КС ИПАРД III_4ти
11. Преглед на спров.на Планот за евалуација на ИПАРД Програмата 2014-2020 и 2021-2027_КС ИПАРД III_4ти
12.б. АПТА 2025 МКД_КС ИПАРД III_4ти
Одлуки и заклуцоци_4КС_ИПАРД 2021-2027

2024-12-24T12:04:06+00:0024 декември 2024|