АГРОЕКОЛОШКИ МЕРКИ – ПРЕДИЗВИК ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

Дома » АГРОЕКОЛОШКИ МЕРКИ – ПРЕДИЗВИК ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

АГРОЕКОЛОШКИ МЕРКИ – ПРЕДИЗВИК ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

Агроеколошките мерки се политика за поттикнување на земјоделската дејност полезна за животната средина и руралните предели. Таа е насочена кон промоција на земјоделските производни практики за одржлива употреба на земјоделското земјиште, заштита и унапредување на животната средина и руралните предели, со цел зачувување на растителната и животинската разновидност и унапредување на почвата, водата и воздухот.

Агроеколошките мерки обезбедуваат финансиска поддршка за земјоделците како надополнување на приходот за спроведување на агроеколошките обврски, односно еколошки начин на обработка, наводнување, ѓубрење, заштита на растенијата и биодиверзитетот, враќање на традиционалното земјоделство итн.

Агроеколошките мерки се спроведуваат на национално, регионално или локално ниво. Можат да бидат различни, во зависност од природните карактеристики на регионот и специфичноста на почвено-климатските услови. Тие се алатка за постигнување на целите за заштита на животната средина. Иако агроеколошките мерки се различни, секоја мерка ги содржи општите цели како зачувување на животната средина и природните карактеристики.

АГРОЕКОЛОШКИ МЕРКИ – ПРЕДИЗВИК ЗА ЗЕМЈОДЕЛСЦИТЕ_брошура

2014-06-18T16:15:51+00:009 април 2012|