ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПРЕТПРИСТАПНА ПОМОШ НА ЕУ ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ – ИПАРД 2014 – 2020

Дома » ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПРЕТПРИСТАПНА ПОМОШ НА ЕУ ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ – ИПАРД 2014 – 2020

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПРЕТПРИСТАПНА ПОМОШ НА ЕУ ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ – ИПАРД 2014 – 2020

Кампањата за публицитет на ИПАРД Програмата 2014-2020 продолжи со одржување на работилница во Штип. Работилницата се одржа на 22 септември 2020 година каде учествуваа претставници од Телото за управување со ИПАРД, претставници од АФПЗРР, советници од АПРЗ, претставници од НАО  и приватни консултанти компании кои работат на апликациите по мерките од ИПАРД Програмата. На работилницата се разгледаа и се дискутираше за програмските аспекти од имплементацијата, средствата и алатките за публицитет,  постапките за одобрување и исплата на барањата во АФПЗРР, документацијата што ја издаваат техничките тела и документацијата што се обезбедува по службена дожност.

Програма_ИПАРД_работилница_Штип_22092020

2020-09-25T15:25:03+00:0025 септември 2020|Работилници|