Кампањата за публицитет на ИПАРД Програмата 2014-2020 продолжи со одржување на работилница во Штип. Работилницата се одржа на 22 септември 2020 година каде учествуваа претставници од Телото за управување со ИПАРД, претставници од АФПЗРР, советници од АПРЗ, претставници од НАО и приватни консултанти компании кои работат на апликациите по мерките од ИПАРД Програмата. На работилницата се разгледаа и се дискутираше за програмските аспекти од имплементацијата, средствата и алатките за публицитет, постапките за одобрување и исплата на барањата во АФПЗРР, документацијата што ја издаваат техничките тела и документацијата што се обезбедува по службена дожност.