На 30 Октомври 2009 во Скопје во Владата на Република Македонија се одржа работен состанок со Градоначалниците од Република Македонија и претставници од Заедницата на Единиците на Локална Самоуправа (ЗЕЛС), Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за локална самоуправа, Министерство за транспорт и врски и Министерството за Економија со наслов „ИПАРД – европски можности за Локален Економски Развој и улогата на Општините во Локалниот Економски Развој“. Раководителот на Телото за Управување со ИПАРД, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) и директорот на Агенцијата за поттикување на развојот на земјоделството (АПРЗ) ја истакнаа улогата на Општините во спроведување на ИПАРД Фондовите и можностите на заеднички институционален пристап за решавање на пречките при имплементација на ИПАРД Програмата.
Одржан работен состанок со Градоначалниците од Република Македонија
Поврзани постови
-
ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик 02/2025 за доставување на барања за користење на средства по мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма 2021-2027) GalleryПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик 02/2025 за доставување на барања за користење на средства по мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма 2021-2027)
21 октомври 2025