Одржан работен состанок со Градоначалниците од Република Македонија

Дома » Одржан работен состанок со Градоначалниците од Република Македонија

Одржан работен состанок со Градоначалниците од Република Македонија

На 30 Октомври 2009 во Скопје во Владата на Република Македонија се одржа работен состанок со  Градоначалниците од Република  Македонија и претставници од Заедницата на Единиците на Локална Самоуправа (ЗЕЛС), Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за локална самоуправа, Министерство за транспорт и врски и Министерството за Економија со наслов „ИПАРД – европски можности за Локален Економски Развој и улогата на Општините во Локалниот Економски Развој“. Раководителот на Телото за Управување со ИПАРД, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) и директорот на Агенцијата за поттикување на развојот на земјоделството (АПРЗ)  ја истакнаа улогата на Општините во спроведување на ИПАРД Фондовите и можностите на заеднички институционален пристап за решавање на пречките при имплементација на ИПАРД Програмата.

2014-06-18T19:34:16+00:0030 октомври 2009|