СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Со цел навремено информирање на сите заинтересирани потенцијални корисници за поднесување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој изготви и објави Годишен План за објавување на јавни повици во 2011 година.
За сите детални информации околу подготовките за изготвување на апликациите како и информации за можностите кои ги нудат ИПАРД фондовите ве молиме да се обратите до надлежните институции.
ЗАБЕЛЕШКА: Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го задржува правото да го промени распоредот. Доколку настане промена на распоредот, Агенцијата ќе издадепретходно известување најмалку 30 дена пред датумот за објавување на Јавниот повик.