ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на трет Јавен повик за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата 2007-2013)

Дома » ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на трет Јавен повик за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата 2007-2013)

ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на трет Јавен повик за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата 2007-2013)

ПРЕТХОДНА НАЈАВА

за објавување на трет Јавен повик за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата 2007-2013)

Владата на Република Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во втората половина на февруари 2011 година ќе се објави Трет Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2007-2013 година “Службен весник на Република Македонија“ број 83/2009 од 03.07.2009 година).

Целта на ИПАРД Програмата 2007-2013 е преку соодветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехрамбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската унија и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување.

Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 во врска со спроведување на Третиот Јавен повик од февруари 2011 година се наменети за следните мерки:

Мерка 101 – Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на стандардите на Европската Унија,

Мерка 103 – Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската Унија, и

Мерка 302 – Диверзификација и развој на руралните економски активности.

Планираните  финансиски средства за спроведување на третиот Јавен повик изнесуваат вкупно 20.720.000,00 ЕУР од кои 75% се придонеси од ЕУ и 25% се придонеси од Буџетот на Република Македонија, кои ќе бидат пресметани во денарска противвредност со важечки курс за месец февруари 2011 година.

Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 налагаат претходно склучување на договор на потенцијалните корисници со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развоји реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови. Контролата на лице место испроведувањето на надзорот над договорот извршуваат овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и  релевантни институции од Република Македонија за управување, спроведување и контрола на ИПАРД и Европска Унија.

Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2007-2013 се пропишани во Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерки за рурален развој финансирани од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (“Службен весник на Република Македонија“ број 112/2009 од 09.09.2009 година).

Огласот ќе трае 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници.

НАПОМЕНА: Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 ќе бидат ажурирани и објавени на веб страната на Агенцијата во периодот до објавување на Јавниот повик. 

Подетални информации во врска со типовите на инвестиции, критериумите за добивање на финансиска поддршка, висината на поддршката по мерки заинтресираните можат да ги добијат во

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Телефон:  02 3097-460 , 
Факс: 02 3097-454
е-mail адреса:ipardpa.info@ipardpa.gov.mk

www.ipardpa.gov.mk

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Тело за управување со ИПАРД

Телефон: 02 3109-809, Факс:  02 3110-887

е-mail адресаinfo@ipard.gov.mk

www.ipard.gov.mk

 

Агенција за поттикнување на развој во земјоделството

Телефон: 047 228-330, 047 228-370

www.agencija.gov.mk


секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот

Информации за изготвување и доставување на барања, како и практични совети за аплицирање, заинтересираните земјоделски производители можат да добијат во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството.  (Контакт листа на регионални центри и надлежни лица е објавена на веб страните на надлежните институции.)

NJOFTIM_PARAPRAK_IPARD

2014-06-18T17:53:59+00:0028 јануари 2011|Известување, Соопштенија|