Телото за Управување со ИПАРД при Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство во соработка со TAIEX инструмент на Европската Комисија за техничка помош и размена на информации организираше два Регионални семинари за заинтересираните земјоделци и компании од агросекторот со наслов „Можности за користење на ИПАРД фондовите во Република Македонија“ кои се одржаа на 26 октомври 2009 година во Охрид во Хотел Гранит и на 28 октомври 2009 година во Струмица во Хотел Сириус. На семинарите беа презентирани Мерките од ИПАРД Програмата, процедурите за аплицирање, контрола и одобрување на проекти. Покрај презентерите од Телото за Управување со ИПАРД и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) имаше презентери од Бугарија и Словенија кои ги пренесоа позитивните и негативните искуства од САПАРД Програмата во нивните земји.