7ми СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИПАРД

Дома » 7ми СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИПАРД

7ми СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИПАРД

7ми СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИПАРД, на 16 Декември 2010, во Скопје

Скопје, 11 декември 2010

Седмиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД ќе се одржи во Скопје, на 16 декември. Со состанокот ќе претседава заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин Перица Иваноски како Претседател. На состанокот ќе присуствуваат претставници на Европската комисија во нивната советодавна функција при работата на Комитетот.

Членовите, кои ги претставуваат партнерските организации и владините институции и агенции, како и дополнително поканети набљудувачи, претставници на донаторската заедница, науката и образованието, економските и социјалните партнери, по овој повод ќе разговараат за резултатите од спроведувањето на ИПАРД Програмата и поврзани прашања со програмирање и имплементација. Комитетот ќе донесува заклучоци за подобрување на ефективноста и ефикасноста на ИПАРД Програмата 2007-2013 и одлучува во врска со мерките за информирање и публицитет на ИПАРД и комуникациски активности за 2011 година и други прашања во рамките на своите овластувања.

Присуството на средбата е само со покана. Повеќе детали ќе бидат достапни по средбата, на веб-страната на ИПАРД Програмата.

Детали за улогата и задачите на Комитетот за следење на ИПАРД и членството како и информации за одржаните состаноци, се достапни на веб-страната на ИПАРД Програмата во засебниот линк „Мониторинг Комитет“. За дополнителни прашања во врска со оваа тематика контактирајте го Секретаријатот (контакт детали: info@ipard.gov.mk).

 

2014-06-18T18:07:37+00:0011 декември 2010|Известување, Соопштенија|