ТАИЕХ Работилница на тема “Развој и унапредување на локални иницијативи – ЛЕАДЕР пристап”

Дома » ТАИЕХ Работилница на тема “Развој и унапредување на локални иницијативи – ЛЕАДЕР пристап”

ТАИЕХ Работилница на тема “Развој и унапредување на локални иницијативи – ЛЕАДЕР пристап”

Известување за одржување на ТАИЕХ Работилница на тема  “Развој и унапредување на локални иницијативи – ЛЕАДЕР пристап”

На ден 17.12.2010 година во Хотел Арка се одржува Работилница на тема “Развој и унапредување на локални иницијативи – ЛЕАДЕР Пристап“. Работилницата е организирана од страна на Инструментот за Техничка помош и размена на информации (TAIEX) на Европската Комисија во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.

Целта на работилницата е да им се обезбедат потребни знаења и обука на учесниците на работилницата за градење на институционалните капацитети на Телото за управување со ИПАРД и ИПАРД Агенцијата поврзани со имплементацијата на ЛЕАДЕР мерки, подигнување на свеста на сите инволвирани институции и локални експерти во врска со ЛЕАДЕР мерките и информирање на претставници на националните и локалните самоуправи, невладини организации, развојни агенции и други заинтересирани страни во врска со целите и барањата на ЛЕАДЕР мерки. За таа цел на работилницата ќе присуствуваат над 80 поканети претставници на државните органи и институции,  локалните самоуправи, невладини организации, развојни агенции и други заинтересирани страни.

За пренесување на искуствата од земјите членки, поканети се експерти од Франција, Грција и Латвија. Претставник на Европската Комисија-Генерален Директорат за Земјоделство и Рурален развој ќе ги презентира насоките на Европската комисија за програмирање на ЛЕАДЕР мерки за земјите кандидати за членство во ЕУ.

На завршниот дел од работилницата, претставниците од Телото за управување со ИПАРД ќе ги презентираат досегашните програмски активности за воведување на ЛЕАДЕР пристапот во ИПАРД Програмата и законските одредби за негова примена од Законот за земјоделство и рурален развој (Сл. весник 49/2010).

Презентациите и информативниот материјал во врска со одржување на настанот може да се сними од веб-странатаhttp://taiex.ec.europa.eu/ и www.ipard.gov.mk, а истите ќе бидат достапни по одржување на настанот. За повеќе информации околу организацијата и спроведувањето на овој настан може да се обратите до лицето за контакт (наведено во Дневнот ред) или на контакт адреса info@ipard.gov.mk

Дневен ред_ТАИЕХ_АГР33154_мк

2014-06-18T18:05:29+00:0013 декември 2010|Известување, Соопштенија|