ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖАНИ ИНФО ДЕНОВИ ЗА ЈАВЕН ПОВИК О2/2011

Дома » ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖАНИ ИНФО ДЕНОВИ ЗА ЈАВЕН ПОВИК О2/2011

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖАНИ ИНФО ДЕНОВИ ЗА ЈАВЕН ПОВИК О2/2011

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој од 18 до 26 јули 2011 г. спроведе ИПАРД инфо презентации за  успешно промовирање на ИПАРД  Програмата и запознавање за можноста и достапноста на ИПАРД фондовите.

Информативната кампања беше спроведена во општините од руралните средини на Република Македонија каде земјоделците како потенцијални крајни корисници и пошироката јавност беа запознаени со целта и придобивките од ИПАРД Програмата за Република Македонија, како и со условите и критериумите  за одобрување на проекти и користење на средствата од ИПАРД Програмата.

Со информативните настани беа опфатени 14 рурални средини:Чешиново-Облешево, Берово, Василево, Радовиш, Дебар, Маврово-Ростуше, Вевчани, Мешеишта, Македонски Брод, Другово, Демир Хисар, Сопотница, Стојаково и Негорци.

(за подетални информации изберете Комуникација и публицитет/ Обука / Инфо денови)

2014-06-18T17:20:53+00:005 август 2011|