ИЗВЕСТУВАЊЕ

Дома » ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги потсетува потенцијалните корисници на средства од ИПАРД Програмата, дека во тек е четвртиот јавен повик за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата.

Истовремено би сакале да известиме дека крајниот рок наместо на ден 30.08.2011 година, истекува на 31.08.2011 година, согласно Законот за празниците на Република Македонија.

Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 се ажурирани и може да се превземат веб страната на Агенцијата, во делот ИПАРД, формулари, како и лично во приемницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството.

Подетални информации во врска со типовите на инвестиции, критериумите за добивање на финансиска поддршка, висината на поддршката по мерки заинтресираните можат да добијат во

 

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Телефон:  02 3097-460

Факс: 02 3097-454
е-mail адреса:ipardpa.info@ipardpa.gov.mk

www.ipardpa.gov.mk

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Тело за управување со ИПАРД

Телефон: 02 3110-887

е-mail адресаinfo@ipard.gov.mk

www.ipard.gov.mk

 

Агенција за поттикнување на развој во земјоделството

Телефон: 047 228-330

                      047 228-370

www.agencija.gov.mk


секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот

 

Информации за изготвување и доставување на барања, како и практични совети за аплицирање, заинтересираните земјоделски производители можат да добијат во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството.  (Контакт листа на регионални центри и надлежни лица е објавена на веб страните на надлежните институции.)

2014-06-18T17:18:17+00:0024 август 2011|